Челниците на Ливерпул немаат намера во летниот преоден рок да ја продадат првата ѕвезда Мохамед Салах, како што пренесоа поедини шпански медиуми.
Конкретно весникот „АС“ пренесе вест дека Салах после наводна расправија со менаџерот Јирген Клоп побарал од раководството да биде ставен на трансфер листа. (ОВДЕ).
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според тие тврдења Египќанецот донел конечна одлука да ја промени средината и да направи нов чекор во кариерата и наводно тоа му го кажал на челните луѓе на Ливерпул.
Од друга страна, поедини британски медиуми кои имаат блиски односи со клубот од „Енфилд“ пренесоа дека пишувањето на шпанскиот весник само ги насмеало челните луѓе на Ливерпул.
Салах минатата година потпиша нов петгодишен договор и нема никаква логика после исклучително успешна сезона да го напушти клубот.
На написите на шпанските медиуми реагираше и агентот на Салах, Реми Абас кој преку Твитер потврди дека веста на „АС“ е само обична шпекулација.
Talking out of their AS again I see.
— Ramy Abbas Issa (@RamyCol) April 17, 2019