Еминентниот шпански весник „АС“ открива интересни детали и тврди дека дошло до голема расправија помеѓу првата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах и тренерот Јирген Клоп.
„АС“ повикувајќи се на свои извори од Англија тврди дека расправијата помеѓу двајцата била толку голема, што Салах побарал од раководството да биде продаден на лето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сопствениците на Ливерпул се обиделе да ја смират ситуацијата за да не се наруши атмосферата во тимот во клучниот дел од сезоната. Меѓутоа, Салах е сериозен во својата намера и во наредните денови официјално ќе достави „барање за трансфер“ во клубот.
Сопствениците му ветиле дека ќе го продадат доколку на лето се уште има желба за промена на средината, но го замолиле сега да биде сконцетриран на борбата за титулата во Премиер лигата.
Салах пред две сезони пристигна на „Енфилд“ за 50 милиони евра и се етаблираше во еден од најдобрите фудбалери во светот.
Египќанецот веќе подолго време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, па сега „кралевите“ се подготвени да ја искористат новонастанатата ситуација во Ливерпул.
Dalla Spagna: lite con Klopp, #Salah ha chiesto la cessione al Liverpool https://t.co/5MUBmWdeBi pic.twitter.com/P8zSTtlevW
— calciomercato.com (@cmdotcom) April 17, 2019