Хрватска ја победи Ерменија со 1:0 во Максимир и како втора од групата Д директно се пласираше на Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Германија.
Стрелец на единствениот гол беше Анте Будимир во првото полувреме. Со оглед на тоа што Велс и Турција одиграа нерешено (1:1), Турција завршува на првото место во групата, Хрватска на второто место, а Велс на третото место оди во дополнителни квалификации.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Избраниците на Златко Далиќ можеа и поубедливо да слават. И покрај ова, голманот Доминик Ливаковиќ мораше да ја спасува во 30. минута.
Ерменците со убава акција по десната страна му сервираа прилика на Кам Ховханисјан. Тој тргна еден на еден со Ливаковиќ, кој со рефлексна реакција фантастично спречи водство на гостите. Одбраната на Ливаковиќ погледнете ја ТУКА.