Дома Фудбал Англија Легендата на Ливерпул ги откри плановите на Клоп?

Легендата на Ливерпул ги откри плановите на Клоп?

Легендата на Ливерпул, Марк Лоуренсон откри дека германскиот стратег, Јирген Клоп гради вила на Мајорка и според неговите зборови Германецот во наредниот период ќе помине време на одмор токму тука.

Во петокот Јирген Клоп објави дека ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната. Веднаш по објавата дека заминува започна и да се шпекулира кој клуб би можел да биде негова следна дестинација. Се споменуваше Барселона каде што Чави заминува, потоа Баерн Минхен…

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Меѓутоа според Лоуренсон Клоп нема да брза со новиот ангажман и ќе одмори од фудбалот.

„Не знам дали би требало да ви го кажам ова, меѓутоа и не е голема тајна. Клоп гради вила на Мајорка. Имам куќа во близина и неодамна се видовме и разговаравме, го прашав до каде се работите. Очекува одредено време да се релаксира таму“, изјави Лоуренсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …