Легендата на Рома Франческо Тоти ја искористи актуелната ситуација за конечно да прошета во мир низ својот град.
Тоти е икона во Рим, па така сигурно претходно и не памети кога се прошетал низ улиците без да дели автомограми и да се слика со фановите.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Ситуацијата со коронавирус кога е намалено движењето, а и задолжителното носење маски му помогнаа на Тоти да ужива во прошетката како некогаш кога не бил славен.
Тоти не беше препознатлив со црната капа и маска, а прошетката стана вест кога тој и неговата сопруга Илари ја објавија фотографијата на Инстаграм.