Дома Фудбал Лига на шампиони Легендарниот Оливер Кан го прокоментира киксот на Улреих

Легендарниот Оливер Кан го прокоментира киксот на Улреих

Голманот на Баерн Минхен, Свен Улреих е трагичар на вчерашниот реванш од полуфиналето помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен во кој Баварците се простија од настапот во Лигата на шампионите оваа сезона.

Улреих катастрофално реагираше после повратната топка од Толисо, а сето тоа го искористи Бензема кој постигна гол за 2:1. Баерн потоа успеа да дојде до 2:2, но тоа не беше доволно за пласман во финалето.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Киксот на резервниот голман кој оваа сезона е помеѓу стативите на Баерн поради повредата на Мануел Ноер го прокоментира и легендарниот Оливер Кан кој се потсети на негов сличен кикс.

„Многу е јасно дека имаше две замисли во тоа време – сакаше да ја фати топката со рака, но и да ја избие со нога. Таквите работи се случуваат и мене ми се случи такво нешто против Реал Мадрид при слободниот удар на Роберто Карлос“, се потсети Кан, а потоа доби прашање како се чуствувал.

„Не сакате да се разбудите следното утро“, кратко одговори Кан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Антони прави трансфер на кариерата, го сака Барса

Бразилскиот фудбалер Антони блеска оваа сезона во Примера во дресот на Бетис. Едно од најс…