Дома Фудбал Германија Легендарниот Герд Милер во тешка здравствена состојба

Легендарниот Герд Милер во тешка здравствена состојба

Легендарниот германски голгетер Герд Милер боледува од деменција и неговата состојба е многу сериозна, објави неговото семејство.

Тој изминатите пет години е во специјализирана установа близу Минхен каде утре ќе го прослави својот 75 роденден.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„Милер речиси 24 часа во текот на денот минува во кревет, има само ретки моменти кога е буден и полека се лизга кон задгробен живот“, изјави за „Билд“ неговата сопруга Уши Милер.

Милер има постигнато 365 голови на 427 биденслигашки натпревари за Баерн, а 62 голови на 68 натпревари за Западна Германија. Беше најдобар стрелец на Мундијалот 1970 и истата година ја освои „Златната топка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Напаѓачот кој викендов постигна мангупски гол со лоб удар може да биде ново засилување за Македонија! (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација би можела да добие ново име во офанзивната линија то…