Дома Фудбал Германија Левандовски пет сезони во низа постигнува 40 голови во дресот на Баерн

Левандовски пет сезони во низа постигнува 40 голови во дресот на Баерн

Фудбалерите на Баерн денеска славеа на гостувањето кај Унион Берлин со 0:2, а еден погодок постигна Роберт Левандовски.

За него тоа беше 40. погодок оваа сезона во сите натпреварувања. Постигна 26 погодоци во Бундеслигата, 11 во ЛШ и три гола во Купот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Откако го постигна денешниот погодок, тоа е гол кој означи дека за Левандовски ова е дури петта сезона во низа во која постигнал 40 погодоци.

Ова е одличен успех за фудбалерот на Баерн кој важи за еден од најдобрите напаѓачи на светот, а до крајот на сезоната бројот на постигнати погодоци со сигурност ќе се зголемува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Лапорта го изгуби трпението поради ѕвезда на Барселона: Ова е срамота!

Меѓународната пауза повторно се покажа како фатална за Барселона откако Рафиња претрпе пов…