Дома Фудбал Лига на шампиони Левандовски е број 1 во групната фаза од ЛШ, големо изненадување е третото место

Левандовски е број 1 во групната фаза од ЛШ, големо изненадување е третото место

Ѕвездата на Баерн Минхен, Роберт Левандовски е најдобриот играч во групната фаза од Лигата на шампиони, според статистиката на порталот „whoscored.com“.

Поскиот напаѓач има средна оценка 9,15, откако групната фаза ја заврши со 10 постигнати гола и во три од натпреварите беше избран за најдобар.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Веднаш позади него е Лионел Меси од Барселона со средна оценка 8.66, а големо изненадување е третото место кое го зазема Алфонсо Дејвис од Баерн со средна оценка 8.21. Младиот Канаѓанец го остави позади себе Тони Крос кој има средна оценка 8.09.

„whoscored.com“ ја анализира во детали играта на секој фудбалер и поставува оценки, а како показатели се земаат точни додавања, ударо кој голот, клучни подавања, голови…

Вака изгледа идеалниот тим во групната фаза од ЛШ:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…