Македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас денес и официјално беше претставен како нов играч на Лајпциг, каде пристигна од Наполи за 25 милиони евра.
Елмас го даде првото интервју за клупскиот канал на Лајпциг и зборуваше за амбициите и што очекува од трансферот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Среќен сум што сум тука. Се приклучив на одличен тим кој има голем квалитет. Лајпциг е голем клуб во Германија. Ми се допаѓа како се развиваат младите таленти овде. Имам 24 години, млад сум и сè уште можам да се подобрам. Тука е вистинското место да го направам токму тоа“, изјави Елмас.
„Марко Росе е многу јасен за она што сака да го види и знае како да се справи и да ги подобри младите играчи. Сега мое е да апсорбирам сè што можам и подобро да ги сфатам основите на теренот. Сакам да играм како десетка, но можам да играм секаде во средниот ред“, додаде Елмас.
The new boy has arrived 🌪️
— RB Leipzig English (@RBLeipzig_EN) January 4, 2024
🎥 Watch our first interview with new signing Eljif Elmas ➡️ https://t.co/1ECk3my7MF pic.twitter.com/BDqm38kkkA