Лајпциг е познат како клуб кој често знае да лансира квалитетни фудбалери, последен е случајот на Дани Олмо кој се сели во Барселона, а германскиот клуб изгледа брзо пронајде негова замена.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Замената за Олмо би можела да дојде до француското првенство. Станува збор за Рајан Черки, фудбалер на Лион кој учествуваше и на овогодинешните натпревари на француската репрезентација на Олимписките игри.
Во Париз на два натпревари влезе од клупата, а претходно ги помина сите младински селекции на Франција. Два настапи имаше и за „А“ селекцијата на „Триколорите“ за која дебитираше на 30 јули годинава.
Черки е по потекло од Алжир и многумина го сметаат за следната ѕвезда на францускиот фудбал. Најавите се дека Лајпциг би можел да плати околу 15 милиони евра, плус два како бонуси.