Дома Топ вести Лаутаро донесе конечна одлука за својата иднина

Лаутаро донесе конечна одлука за својата иднина

Ѕвездата на Интер, Лаутаро Мартинез донесе конечна одлука да се пресели во Барселона, тврди „Мундо Депортиво“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што е познато, Каталонците бараат замена за ветеранот Луис Суарез, а 22-годишниот напаѓач е нивна примарна цел.

Лаутаро работи на неговиот трансфер тивко и без да изрази незадоволство во Интер. Поради силната желба на самиот фудбалер, на „Камп Ноу“ се оптимисти дека ќе успеат да го реализираат трансферот, иако нема да биде лесно.

Аргентинецот знае дека намерите на Барселона се реални и кинкретни, а тој не сака да ја пропушти можноста да игра заедно со Меси, па поради тоа одбива да го продолжи договорот со Интер.

 „Нероазурите“ ја знаат позицијата на Лаутаро, но не сакаат да го продадат, па Барселона ќе треба да ја плати откупната клаузула која изнесува 111 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…