Дома Фудбал Италија Лаутаро ги израдува навивачите: Нема причина да заминам од Интер

Лаутаро ги израдува навивачите: Нема причина да заминам од Интер

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез нема намера да го напушти миланскиот клуб, тврди менаџерот на аргентинскиот репрезентативец, Алехандро Камано.

Лаутаро игра одлична сезона и во моментов е прв стрелец во Серија А со девет постигнати гола.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


„Лаутаро е среќен, сака да биде дел од проектот на Интер, кој е навистина амбициозен. Тој има одличен однос со соиграчите и со сите останати. Впрочем, тој е долгорочен проект на еден од најдобрите клубови во Европа и е среќен во Милано заедно со семејството“, изјави менаџерот.

Наскоро на Лаутаро ќе му биде понуден нов договор, а самиот играч е подготвен да стави потпис.

„Мојот агент работи со клубот. Моето семејство и јас сме многу среќни овде. Давам се од себе и нема причина да ја менувам средината“, изјави Лаутаро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Бомба“: Лука Модриќ се сели во Милано

Лука Модриќ на крајот на сезоната се прости со Реал Мадрид каде изгради легендарен статус,…