Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта ја коментираше ситуацијата во клубот и заминувањето на тренерот Роналд Куман.




Лапорта беше запрашан за Чави, кој важи како фаворит за празното столче на „Камп Ноу“.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Чави? Ќе задржам за себе си тоа колку варијанти имам на располагање. Чави се разви како добар тренер, слушнав добри работи за него. Со него разговарав за време на претседателската кампања и му објаснив дека ќе се обидам да го задржам Куман до крајот на договорот“, истакна Лапорта.




„Секогаш сум кажувал дека Чави еден ден ќе ја води Барселона. Тој го сака фудбалот и е дел од клубот, па неговото враќање тука е и негова цел. Имам доверба во луѓето кои го следат како него, така и други тренери“, додаде претседателот на Каталонците.