Дома Топ вести Лапорта: На изненадените ќе им порачам, Барса се врати!

Лапорта: На изненадените ќе им порачам, Барса се врати!

Трансферите на Барселона ова лето ги натераа многу европски гиганти да изразат сомнеж за тоа како дејствуваат Каталонците на трансфер пазарот.

Познато е дека Барселона е во финансиски проблеми, но ова лето потроши околу 160 милиони евра за трансфери и значително го засили тимот.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Баерн Минхен и Челзи беа најгласни во критиките, а Лапорта кој испеа да обезбеди финансиски средства, сега им одговори.

„Баерн слободно може да си ја провери сметката, добија голема сума на пари за трансферот на Левандовски. Очигледно не се добро информирани, веќе свртевме нов лист. Барселона има преку 120 години историја и имот кој вреди многу. Вреди многу повеќе од имотот на другите клубови“, истакна Лапорта.

„Веројатно никој  не мислеше дека можеме да го направиме ова, но тие луѓе ја потценија моќта на Барса и можностите на новото раководство. На изненадените можам само да им порачам дека Барса се врати“, додаде Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Навивачите на Барселона добија одлична вест, Лапорта заврши голема работа!

Барселона веќе со години се бори со предизвици околу доведувањето и регистрацијата на нови…