Дома Фудбал Останато Лапорта за Пеп: Тој е најдобар, Манчестер Сити ќе биде екстремно силен!

Лапорта за Пеп: Тој е најдобар, Манчестер Сити ќе биде екстремно силен!

Поранешниот претседател на Барселона, Лапорта, е сигурен дека Пеп Гвардиола ќе направи голем успех со Манчестер Сити доколку сопствениците на англискиот клуб бидат трпеливи.

Лапорта во 2008 година го доведе Пеп во Барселона, а тој потег се покажа како полн погодок, потоа Шпанецот премина во Баерн, а во Сити првата сезона ја заврши без ниту еден трофеј.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Ако Сити на Гвардиола му даде поддршка каква што заслужува, тој ќе успее. Пеп е голем оптимист и победник, сметам дека е среќен во Сити и дека верува во неговиот тим. Нека бидат малку трпеливи Гвардиола е човекот кој ќе ги направи екстремно силни“.

„Неговите резултати зборуваат сами за себе. Барселона ја познаваше од мали нозе и имаше усех, а беше одличен и во Баерн. Да се работи во Премиер лигата воопшто не е лесно, тоа е голем предизвик, но Пеп е најдобриот во светот верувам во него“, изјави Лапорта.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…