Дома Трансфер зона Лапорта: Дембеле сака да остане, но е искушуван од други клубови

Лапорта: Дембеле сака да остане, но е искушуван од други клубови

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта ја коментираше ситуацијата со Осман Дембеле.

Договорот на Французинот истекува на крајот на сезона и се уште нема дадено конечен одговор, а Лапорта тврди дека е искушуван од други клубови.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Тој сака да остане, но е искушуван од други клубови кои му предлагаат подобри финансиски услови. Ние одамна ја претставивме нашата понуда и тие побараа време до крајот на сезоната за да донесат одлука.

„Сакаме одговор, но не можеме да го притискаме бидејќи договорот му истекува. Тренерот и јас сакаме да остане и да потпише нов договор. Направивме се што можеме за да го задржиме“, изјави Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…