Градоначалничката на Барселона, Ада Колау и претседателот на клубот, Жоан Лапорта денес официјално го претставија проектот за реконструкција на „Камп Ноу“.
Градскиот совет на Барселона издал лиценца за отпочнување со работа веднаш по завршувањето на сезоната, а Барса во текот на сезоната 2023/24 натпреварите ќе ги игра на Олимпискиот стадион.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За финансирање на работите, Барселона подигна заем од 1,5 милијарди евра, 900 милиони евра за „Камп Ноу“ и 420 милиони за „Блауграна“, сала што ја користат кошаркарскиот и ракометниот клуб.
Остатокот од парите ќе ги вложи во стадионот „Јохан Кројф“ кој го користи резервниот тим.
Враќањето на фудбалерите на „Камп Ноу“ се очекува во сезоната 2024/25, но со половина од капацитетот. Работите ќе бидат завршени во текот на сезоната 2025/26, а полн капацитет нема да може да се користи ниту таа сезона.
„Ова ќе биде најубавиот стадион на светот во најубавиот град на светот“, порача Лапорта.