Дома Топ вести Лапорт во јануари го засилува Реал

Лапорт во јануари го засилува Реал

Реал Мадрид во зимскиот преоден рок сака да ја засили одбраната и сигурно ќе доведе еден дефанзивец, а прв на листата желби е Емерик Лапорт.

Лапорт минатото лето го напушти Манчестер Сити и одлучи кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија и потпиша за Ал Наср.Тоа беше изненадувачка одлука на шпанскиот дефанзивец, кој сега ја признава грешката и сака да се врати во Европа.


Луд викенд: "Ел Класико" во Шпанија и супер дербија во Англија и Италија! ↓↓↓


Реал сака да ја искористи таквата ситуација и да го доведе, па веќе почнал преговори со неговиот агент. Дефанзивецот ќе мора да прифати да игра за помала плата од актуелната што нема да биде проблем.

Главна пречка е што Реал сака да го доведе без обештетување, како слободен играч, а Ал Наср во моментов не прифаќа раскинување на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Алонсо му поставил услов на Перез, доаѓа во „пакет“ со ѕвезда од 100 милиони

Чаби Алонсо минатата сезона направи „чудо“ со Баер Леверкузен и ова лето беше на мета на м…