Поранешниот германски репрезентативец и легендарен фудбалер на Баерн Минхен, Филип Лам во разговор за странските медиуми откри од кои причини своевремено ја одби Барселона.
Лам во моментов има 35 години, а професионалната кариера ја заврши во сезоната 2016/17. Со оглед на тоа што своевремено беше еден од најдобрите десни бекови и задни играчи за врска во светот, тој беше голема желба на многу тимови. Не е тајна дека своевремено го сакаше и Барселона, а Лам денеска, неколку години подоцна, откри зошто не се одлучил да се пресели на „Камп Ноу“.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
„Барселона, која во тоа време беше заштитен знак на европскиот фудбал сакаше да дојдам во Шпанија. Понудата беше атрактива. Дури и моите блиски пријатели, кои знаеа ме прашуваа кога ќе потпишам?“.
„Но, постоеше проблем, кој беше во мене. Се восхитував на Барселона и на нејзините играчи, но не се гледав на „Камп Ноу“. Тогаш играв за Баерн кој работеше за нешто големо. Знаев дека сме спремни за најголеми работи. И тогаш помислив колку би бил среќен кога со Баерн би ја освоил Лигата на Шампионите. Така ја одбив Барселона“, изјави Лам.
Германецот до крајот на својата кариера остана во Баерн, каде што се пензионираше и стана една од легендите на клубот од Минхен.