Дома Македонски спорт Мак баскет КФСМ: Не беше наш избор да играме со „северна“ на дресовите

КФСМ: Не беше наш избор да играме со „северна“ на дресовите

На денешната прес-конференција кошаркарската федерација го претстави Драган Бајиќ за нов селектор на националниот тим.

Прес-конференцијата федерацијата ја искористи и да даде одговор за дресовите со кои националниот тим настапи на турнирот во Перм во квалификациите за ЕП2023. Тогаш јавноста жестоко реагираше и критикуваше додавањето „северна“ на дресовите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Генералниот секретар, Владимир Георгиевски денес објасни дека така им било наложено од ФИБА.

„Би сакал да објаснам некои работи, на темата што беше многу актуелна во изминатиот месец и на која бевме критикувани, иако нема вина. Настапот со дресови Северна Македонија не беше наш избор. На претходните средби настапувавме со кратенката МКД, но бевме опоменати од ФИБА дека тоа веќе нема да се толерира. Европската куќа на кошарката инсистира на дресовите да стојат имињата на државите, поради што бевме немавме друг избор освен да настапуваме под името Северна Македонија“, изјави Георгиевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Халанд во Швајцарија може да заврши во затвор поради – 65 евра!

Eрлинг Халанд би можел следниот пат кога ќе дојде во Швајцарија да помине еден ден во затв…