Дома Македонски спорт Мак фудбал Куп на Македонија: Фаворитите сигурни, најлошо помина Љуботен во Струмица!

Куп на Македонија: Фаворитите сигурни, најлошо помина Љуботен во Струмица!

На програмата во македонскиот фудбал денес беа натпреварите од Купот на Македонија, средбите кои се играа од 14:00 часот поминаа во знакот на домаќините.

Најубедливата победа ја оствари Академија Пандев која го испрати Љуботен со 9:0. Не помина добро амбициозната Воска на гости во Чаир и во Охрид се враќа со пораз од 6:0.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шкендија на домашен терен во Тетово го совлада Скопје со 5:0, тука триумфот на тетовци можеше да биде и поубедлив, ако се знае дека четири од петте гола постигнаа во првото полувреме.

Интересно беше на дуелот на прволигашите Струга Трим Лум и Работнички. Работнички имаше предност од 15. минута со голот на Велкоски од пенал и истата ја чуваше се до 74. минута кога Струга изедначи преку Малески. Само неколку минути подоцна Кочоски се погрижи за целосен пресврт.

Вардар го продолжи својот пат во купот откако денес со 4:0 забележа сигурна против Фортуна Скопје. Единствениот гостински триумф во денешните натпревари го оствари Силекс кој го победи Тиквеш во Кавадарци со 0:1. Со 1:0 победа славеше и Брегалница против Пелистер.

КУП НА МАКЕДОНИЈА:

Академиај Пандев – Љуботен 9:0

Брегалница – Пелистер 1:0

Шкендија – Скопје 5:0

Шкупи – Воска Спорт 6:0

Струга Трим Лум – Работнички 2:1

Тиквеш – Силекс 0:1

Вардар – Фортуна Скопје 4:0

Фото: ФК Шкупи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…