Дома Фудбал Куман пред „Ел Класико“ денес направил промена во рутината на играчите

Куман пред „Ел Класико“ денес направил промена во рутината на играчите

Барселона и Реал Мадрид денес го играат големото дерби во рамките од седмото коло од шпанската Ла Лига.

„Ел Класико“ сигурно е еден од најголемите натпревари во светот на фудбалот, а првото во новата сезона се игра денес на „Камп Ноу“. Сигурно дека нас не очекува уште еден спектакуларен натпревар.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Натпреварот се игра од 16:00 часот што е необичен термин за вакво дерби во Шпанија, вообичаено е ваквите дуели да се играат во вечерните часови. Поради терминот на натпреварот Куман направил неколку промени во рутината на играчите.

Во претходните натпревари кои Барселона ги играше на домашен терен вообичаено беше играчите да имаат утрински тренинг. Куман тој тренинг го воведе од неговото доаѓање за на играчите да им го открие составот со кој ќе играат, но и планот за натпреварот. Се очекуваше и денес Барселона да има таков тренинг, но тоа не се случи.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Куман утрово им пишал порака на играчите дека од тренингот нема да има ништо, бидејќи нема да имаат доволно време за се. Проблем е и што играчите се должни се да направат дома според Ковид протоколот и на натпреварот да дојдат спремни најдоцна еден час пред почетокот на мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…