Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Јувентус ја започнале битката за потписот на дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити.




За Умтити повеќе нема место во тимот на Куман и Барселона се обидуваше да се ослободи од него во текот на целото лето, но Французинот сепак остана на „Камп Ноу“.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона и Умтити се блиску до договор за спогодбено раскинување на соработката, па дефанзивецот во јануари ќе биде слободен агент.




Италијанските гиганти сакаат да ја искористат ситуацијата и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.