Фудбалерот со македонско потекло, Дејан Кулушевски блесна оваа сезона во Серија А и си обезбеди трансфер во Јувентус.
Шведскиот репрезентативец уште во јануари потпиша за Јувентус за сума од 35 милиони евра, но остана на позајмица во Парма да ја доигра сезоната.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Кога дошол на потпис на договорот го пречекале легендите на Јувентус и Кристиано Роналдо.
„Веќе го запознав Роналдо и беше многу возбудливо. Кога дојдов да потпишам договор Кристиано заедно со Киелини, Буфон и Бонучи ме пречкаа лично. Се шегувавме пред мечот Јувентус-Парма, но не можам да го кажам тоа јавно“, изјави Кулушевски.
Кулушевски потоа додаде дека едвај чека да ја започне новата сезона со Јувентус и му се восхитува на Пауло Дибала.