Дефанзивецот на Наполи, Калид Кулибали е на чекор од Арсенал, барем така тврдат англиските медиуми.
Новиот тренер на Арсенал, Микел Артета го означил Сенегалецот како играч кој сака да го доведе во зимскиот преоде нрок, а бидејќи Кулибали е во конфликт со претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис неговото заминување не изгледа нереално.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа ако Арсенал сака да го доведе тогаш треба да издвои сума од околу 120 милиони евра. Таа сума се споменуваше кога Кулибали се поврзуваше со Барселона, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед во текот на летото.
Во случај Арсенал да го доведе Кулибали тогаш тој би станал најскап дефанзивец и ќе го сруши рекордот на Хари Мегваер кој во Јунајтед премина за 87 милиони евра.
Arsenal 'make contact with Napoli' to complete transfer for Kalidou Koulibaly https://t.co/mU6Yoeu35e pic.twitter.com/RyzQXvgJwu
— Mirror Football (@MirrorFootball) December 25, 2019