Дома Фудбал Крос: Ќе се пензионирам во Реал Мадрид

Крос: Ќе се пензионирам во Реал Мадрид

Еден од најдобрите играчи за врска во светот, Тони Крос откри кога ќе се пензионира и во кој клуб.

Крос после заврѓувањето на ЕУРО се повлече од германската репрезентација, а сега откри дека ќе се пензионира на 33 годишна возраст.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тој сака да ја заврши кариерата во Реал Мадрид и тоа во 2023 година, кога му завршува договорот со „кралевите“.

„Ќе се пензионирам во Мадрид, во тоа сум сигурен. Мислам дека 2023 година е идеална година за такво нешто. Тогаш ќе имам 33 години“, изјави Крос.

Сепак, Крос не ја одбива можност за продолжување на соработката и тоа под услов да го сакаат во Реал и понатаму.

„Можеме да седнеме и заедно да решиме дали ќе го продолжиме договорот на една или две години. Отворен сум за таква можност“, кажа Крос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Синот на Зидан ја избра новата репрезентација!

Голманот на Гранада и син на славниот Зинедин Зидан, 27-годишниот Лука Зидан, ја прифати п…