Дома Фудбал Италија Кристијано Роналдо има поголема плата од цели четири тимови во Серија А

Кристијано Роналдо има поголема плата од цели четири тимови во Серија А

Кристијано Роналдо е најпопуларниот играч во Серија А, затоа и не е чудно што е најплатен фудбалер во италијанското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Газета дело Спорт објави детални податоци за платите, а Роналдо на годишно ниво во Јувентус заработува 31 милион евра.

Интересно е што самиот Португалец има поголема плата од комплетните тимови на четири клуба, а тоа се Удинесе, Верона, Кротоне и Специја.

Удинесе на плата за играчи троши нешто помалку од 31 милион евра. Вкупната плата на играчите во Верона изнесува 24, а на Кротоне и Специја по 22.

Инаку, Роналдо заработува скоро четири пати повеќе од вториот на листата по најголема заработка во Јувентус, Де Лихт, кој има плата од осум милион евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чешка и Јужна Африка не успеаја да се победат и ги намалија своите шанси за понатамошно квалификување

Чешка и Јужна Африка не успеаја да се победат и завршија 1:1 во нивниот втор натпревар во …