Барселона и Лионел Меси веќе подолго време преговараат за нов договор, а „Кадена Сер“ лансираше информација која ќе ги израдува фановите на каталонскиот гигант.
Имено, Аргентинецот и официјално ќе го продолжи договорот со Барселона во мај и така ќе се стави крај на шпекулациите за негово заминување од „Камп Ноу“ кои во последно време беа се посилни.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Следниот месец Хорхе Меси, таткото и агент на светската фудбалска ѕвезда, ќе слета во Барселона, за да ги финализира преговорите и да бидат ставени потписите.
Сегашниот договор на Лионел Меси истекува на крајот на следната сезона, а според информациите со новиот договор ќе се обврзи на верност во следните 5 години и ќе стане најплатен фудбалер во светот со годишна заработка од 35 милиони евра.