Дома Фудбал Италија Крај на кариерата? Ибра се оперираше, пауза од 8 месеци

Крај на кариерата? Ибра се оперираше, пауза од 8 месеци

Милан денес потврди дека Златан Ибрахимовиќ извршил операција на лигаментите на коленото и му следува долга пауза.

Од клубот потврдија дека операцијата била предвидена од претходно за конечно решавање на проблемите на коленото, кои го мачеа цела сезона, па му следува пауза од 7-8 месеци.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа најверојатно значи и крај  на кариерата за Ибрахимовиќ, кој во октомври ќе наполни 41 години.

Сепак, „Газета дело Спорт“ тврди дека Милан конечната одлука му ја оставил на играчот и му понудил едногодишен договор, со цел да се врати во јануари и да го одигра вториот дел од сезоната, за да може да се пензионира на терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПМФЛ: Пресврти на Силекс и Шкупи, Вардар влезе во црна серија

На македонските фудбалски терени денеска се играа натпреварите од ПМФЛ. Екипата на Шкупи с…