Тотнехем синоќа доживеа шокантна елиминација од Лига Европа откако изгуби од Динамо Загреб со 3:0 на „Максимир“.
Англиските медиуми се полни со критики, а Крауч тврди дека ова беше ноќ во која играчи како Кејн или Сон сфатија дека е време да ја променат средината.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
„Нивната сезона сега завршува. Кога гледам како Хари Кејн излегува од теренот со спуштена глава затоа што беше исфрлен од Динамо, мислам – добро, тој е играч за Лигата на шампионите, не би сакал да го игра ова натпреварување. Тој припаѓа во друштвото на Мбапе, Роналдо, Халанд, Меси … “, изјави Крауч.
„И тој и Сон заслужуваат да бидат дел од Лигата на шампионите, а не од Лигата на Европа и мислам дека по поразот од Динамо, двајцата се подготвени да го сменат тимот следното лето. Тие не го заслужуваат ова”, додаде Крауч.