Дома Топ вести „Кралевите“ вчера запишале „двојна“ победа – Во Мадрид пристигнува еден од најталентираните во Европа?

„Кралевите“ вчера запишале „двојна“ победа – Во Мадрид пристигнува еден од најталентираните во Европа?

Во текот на натпреварот од Лигата на шампионите, помеѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид, претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез договорил одличен фудбалер, пренесуваат шпанските медиуми.

Имено, како што пишува „Diario Gol“, во текот на натпреварот Флорентино Перез го договорил Јулијан Веигл, фудбалер кој би требало да пристигне пред Светското првенство во Русија, а во договорот за овој фудбалер би бил вклучен и фудбалерот на Реал Мадрид, Маркос Љоренте.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Иако Љоренте неодамна го обнови договорот со Реал, неговата позиција во клубот не е баш сигурна. Од друга страна, Веигл е еден од најталентираните млади фудбалери во Европа и во Реал сметаат дека најдобро е да го доведат пред неговата цената на пазарот да се зголеми за десетина милиони евра.

Целиот сума во овој трансфер би требало да изнесува околу 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…