Реал Мадрид прими 44.755 барања од навивачите за билети за финалето во Лигата на шампиони кое ќе се игра на 3. Јуни во Кардиф.
Навивачите на „кралскиот“ клуб имаа можност да испраќаат барања до 20 часот, а мадридскиот клуб доби околу 15 илјади места.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Добитниците ќе се извлекуваат со лотарија, а тие кои ќе дојдат до карти нема да можат да ги препродаваат, па клубот издаде предупредување дека препродавачите сигурно ќе бидат казнети.
Иако повеќе од 30.000 ќе останат да го гледаат финалето на телевизија, ова не е најголемиот интерес за едно финале на Реал Мадрид во последните години.
Многу повеќе карти се бараа кога Реал играше во Лисабон за десетата титула во Лигата на шампиони во 2014 година. Тогаш „кралскиот“ клуб доби 73.314 барања за влезници, а две години подоцна за миланското финале 56.000 барања.