Томас Тухел готово сигурно ќе седне на кормилото на Пари Сент Жермен на крајот на сезоната, а француските медиуми откриваат и какви промени ќе има во тимот.
Имено, Тухел првично добил гаранции од сопствениците дека Нејмар сигурно останува во тимот и дека заедно со Кавани и Мбапе ќе биде ударното трио, а важна улога следната сезона ќе игра и Јулијан Дрекслер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тухел сигурно ќе донесе нов голман, а Тубо Куртоа е главна мета. Промени ќе има и во одбраната каде Тиаго Силва ќе биде исфрлен од првиот тим, а стоперскиот тандем ќе го сочинуваат Маркињос – Кимпембе.
На левата бековска позиција Тухел го сака Гуереро од Борусија Дортмунд, притоа ќе пристигнат и две засилувања во средниот ред.
Најголема желба на Тухел е гермаскиот репрезентативец Јулијан Вајгл, а како замена за Тиаго Мота се споменива Нголо Канте од Челзи и Фабињо од Монако.
Тухел ќе потпише двегодишен договор, а секако главна цел е освојување на Лигата на шампиони.