Дома Фудбал Останато Кој е најуспешен тренер во Европа во последните 100 натпревари?

Кој е најуспешен тренер во Европа во последните 100 натпревари?

Актуелниот тренер на Челзи, Антонио Конте е најуспешен клуспки тренер во 5-те најсилни европски лиги според резултатите постигнати на последните 100 натпревари на неговиот тим.

Италијанецот победил на дури 79 натпревари од 100, а загубил само на 11, па неговите тимови Јувентус и Чези освоиле вкупно 247 бода.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Втор според овој показател е неговиот наследник во Јувентус, Макс Алегри со остварени 75 победи на последните 100 меча (238 бода), а тројката ја комплетира уште еден Италијанец – Карло Анчелоти (75 победи, 14 реми, 13 порази). Потоа следат Пеп Гвардиола и Диего Симеоне.

Интересно е дека Арсен Венгер, кој што е многу критикуван од фановите на Арсенал во последните две години, има подобра статистика од Жозе Мурињо и Јирген Клоп. Французинот победил на 59 од последните 100 меча, Мурињо има 53 победи, додека Клоп 48.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нов клуб за Родриго: Ќе го плати 100 милиони, а Бразилецот ќе игра на омилената позиција

Иднината на Родриго Гоеш е една од главните теми на трансфер пазарот, а изгледа дека е поз…