Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан направи големо изненадување во стартниот тим во натпреварот од Лигата на шампионите против Тотенхем.
Имено, Зидан во овој натпревар од првата минута му даде шанса на Ашраф Хакими, пред искусниот Начо, кој е шпански репрезентативец. После натпреварот со англискиот тим во кој мароканскиот лев бек одигра важна улога многумина се прашуваа кој е тој.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиуми во Африка пишуваат дека Хакими е најталентираниот Мароканец во последните неколку години, а Шпанците тврдат дека тој е новиот „Дани Карвахал“. „Кралевите“ ова лето останаа без Данило па навивачите се прашуваа кого Реал ќе го доведе да биде замена за Карвахал. Меѓутоа, управата му веруваше на Зидан кој со Хакими соработуваше додека го водеше младинскиот тим на Реал Мадрид.
Ара, како што пријателите го наркуваат Хакими, растеше во Гетафе. Откако покажа талент во младинската академија на Реал доби повик да настапува за Шпанија и Мароко. Размсилуваше, но на крајот ја прифати понудата на селекторот Херв Ренард и на само 17 години дебитираше за Мароко против Канада.
Треба да се истакне и дека Хакими беше еден од случаите кои го доведоа Реал до санкции од ФИФА.
Овогодинешната летна турнеа низ Северна Америка беше прилично неуспешна за актуелниот европски и шпански шампион, но од друга страна донесе големо искуство за Хакими кој ја оправда довербата од Зидан.
Откако Карвахал мораше да паузира овој 19 годишен го „зациментира“ својот статус во тимот, а тоа го потврди и во вчерашниот натпревар. Исто така случајот „Хакими“ ја потврди промената на филозофијата на Реал Мадрид кој сега вложува во млади таленти и не доведува скапи ѕвезди како што беше случај претходно.