Според последните информации, Јувентус после Филип Костиќ за кого се чека само официјална потврда би можел да го доведе и Мемфис Депај.




Италијанскиот експерт за трансфери Фабрицио Романо пренесува дека адвокатите на Депај работат на средување на документацијата со Јувентус и кога сите услови ќе бидат исполнети тој ќе прифати спогодбен раскин на договорот.




Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Каталонците на крајот изгледа мораа да ја прифатат „уцената“ на Депај бидејќи тој порача дека ќе замине само за преселба во друг топ клуб и без оштета. Во спротивно би останал до нареднот олето кога би можел да го напушти клубот како слободен играч.




Депај е задоволен од понудата на Јувентус и фактот што ќе игра за клуб кој ќе се бори за титули. Договорот се очекува да биде постигнат до крајот на неделата.