Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Костариканците едногласни: Ги почитуваме противниците, но Бразил е посебен

Костариканците едногласни: Ги почитуваме противниците, но Бразил е посебен

Селекторот на фудбалската репрезентација на Костарика, Оскар Рамирес истакна денес дека е задоволен од групата на СП, во која се Србија, Бразил и Швајцарија.

„Имам добро чувство по ждрепката. Ме потсетува на Мундијалот во Италија, кога го имавме Бразил за ривал со две европски селекции. Дури и распоредот на натпреварите е многу сличен“, истакна Рамирес по ждрепката во Москва.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Костариката натпреварувањето во групната фаза на светскиот шампионат во Русија ќе го стартува против Србија, а потоа следат дуелите со Бразил и на крајот на Швајцарија.

Рамирес истакна дека ги почитува протвниците, но Бразил е посебен.

„Ми се допаѓа што играме против три екипи кои сакаат да играат фудбал. Ги гледав, негуваат комбиниран фудбал“, истакна селекторот на латиноамериканската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Нова бура во Италија: Во скандалот со обложување се појавија нови обвинети

Италијанските медиуми на насловните страни ја носат веста која прв ја објави „Кориере дела…