Дома Фудбал Италија Контроверзниот менаџер на состанок во Милан: Росонерите наскоро добиваат засилувања

Контроверзниот менаџер на состанок во Милан: Росонерите наскоро добиваат засилувања

Милан од следната сезона ќе игра во Лига на шампиони.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Росонерите зад себе имаат добра сезона и успеаа да се вратат помеѓу најдобрите екипи на Стариот континент.

Раководството на тимот од Сан Сиро ќе донесе во тимот неколку нови играчи, а денеска во просториите на клубот беше контроверзниот агент Фали Рамадани.

Човекот кој се грижи за кариерата на бројни познати фудбалери, меѓу кои и Пјаниќ, разговараше со Паоло Малдини Масари и им ги понудил услугите на своите фудбалери на Росонерите.

Рамадани пред се го понудил Џенгиз Ундер. Турскиот фудбалер нема иднина кај Мурињо во Рома и Рамадани неговите услуги му ги понудил на Милан.

Покрај него, Рамадани на Милан му го понудил и дефанзивецот на Наполи, Никола Максимовиќ.

Српскиот фудбалер има договор со Наполи кој му истекува на крајот од месецот и тој може како слободен играч да го напушти тимот.

Останува да бидиме дали некој од нив ќе заврши на Сан Сиро или некој друг негов клиент ќе стане член на Милан во следниот период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мурињо по 13 години се враќа во Реал Мадрид

Големи промени се најавуваат во Реал Мадрид во пресрет на летниот преоден рок, а една од п…