Дома Трансфер зона Конте незадоволен: Челзи сега има квантитет, но не и квалитет!

Конте незадоволен: Челзи сега има квантитет, но не и квалитет!

Раководството на Челзи во летниот преоден рок потроши приближно 200 милиони фунти, но менаџерот Антонио Конте не е задоволен од засилувањата кои пристигнаа на „Стенфорд Бриџ“.

„Сините“ летово се засилија со голманот Кабаљеро, потоа Рудигер, Бакајоко, Запакоста, Дринквотер и Мората.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Како то пренесува „Гардијан“, италијанскиот стратег очекувал дека по продажбата на Немања матиќ, раководството на клубот ќе донесе топ засилување од светска класа, но тоа не се случи.

Конте во тимот ги сакаше Ван Дајк, Лукаку и Алекс Сандро, но раководството немаше слух за неговите желби.

„Челзи сега има повеќе фудбалери, но не и квалитет каков што посакувам“, им се поверил Конте на своите блиски.

Челзи оваа сезона ќе игра во Лигата на шампиони, на Конте смета дека нема доволно силен тим за да се бори на три фронта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…