Дома Фудбал Англија Конте: Многу е потешко е да ја одбраните титулата во Премиер лигата

Конте: Многу е потешко е да ја одбраните титулата во Премиер лигата

Менаџерот на Челзи, Антони Конте смета дека во Премиер лигата е далеку потешко да се одбрани титулата.

Конте со Челзи минатата сезона ја освои титулата, но оваа сезона му оди многу тешко. Манчестер Сити и Јунајтед се на врвот, „сините“ се мачат, а во викендот кој е зад нас беа совладани од Манчестер Сити на домашен терен со резултат 0:1.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Потешко е да ја одбраните титулата во Премиер лигата отколку во Италија. Кога го освоив Скудетото со Јувентус, следната сезона очекував жестока борба со Милан, но тие ги продадоа Ибрахимовиќ и Тиаго Силва, а тоа значително ни ја олесни работата“, изјави Конте.

Иначе медиумите во Англија на големо пишуваат дека Италијанецот наскоро би можел да биде сменет поради лошиот старт на „сините“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Њукасл спремен да го пушти Исак во Ливерпул

Bританските медиуми во петокот објавија дека раководството на Њукасл очекува нова понуда о…