Дома Фудбал Италија Конте заминува, познат неговиот наследник на клупата на Интер

Конте заминува, познат неговиот наследник на клупата на Интер

Откако се појави веста дека Антониот Конте нема повеќе да биде тренер на Интер, Нероаѕурите тргнаа во потрага по негова замена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Повеќе имиња се поврзуваат со актуелниот италијански шампион.

Главни кандидати беа Симоне Инзаги и Макс Алегри, но како што стојат работите, нов тренер на тимот од Милано ќе биде Марсело Гаљардо.

Гаљардо бележи големи успеси со аргентинска Ривер Плата чиј тренер е од јуни 2014. година, а пред тоа имаше добри резултати и на клупата на уругвајски Национал.

Марсело Гаљардо како играч остави голема трага во Европа настапувајќи за ПСЖ и Монако, а сега ќе има прилика и како тренер да се докаже на Стариот континент.

Италијанскиот првак во наредните денови би требало да ги објави деталите од договорот со Гаљардо, а по завршувањето на ЕП ќе ја официјализира соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Елиминација на осум репрезентации од Светското првенство!

Токму сме на средината од завршната рунда на групната фаза од Светскиот фудбалски шампиона…