Дома Фудбал Останато Конте за Луиз: Секој фудбалер мора да ја прифати мојата одлука

Конте за Луиз: Секој фудбалер мора да ја прифати мојата одлука

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте пред медиумите не сакаше премногу да зборува за конфликтот со Давид Луиз.

Италијанскиот стручњак беше незадоволен од фактот што бразилскиот фудбалер му се спротиставил после натпреварот во Лигата на шампионите против Рома.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Поради своите коментари Луиз се најде на трибините во дербито против Манчестер Јунајтед. Конте тврди дека тоа е причина на тактика, а тоа го потврди и денес.

„Тоа беше тактичка одлука.. Секој фудбалер мора да ја прифати мојата одлука. Тука сум да зборувам за натпреварот кој е пред нас. Тоа не ми се допаѓа“, изјави Конте.

Откако беше изоставен од тимот за натпреварот против Јунајтед започнаа шпекулации дека Луиз би можел да го напушти тимот. Како наредни дестинации на Бразилецот се споменуваа Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер истиот ден одби 17 милиони евра за Чалханоглу, а потоа претстави големо засилување

Во Интер денеска беше многу активно. Клубот од Милано одби понуда за Чалханоглу, а истовре…