Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте изненадувачки изјави дека неговиот тим бил ослабен за време на јануарскиот преоден рок.
Во Тотенхем пристигнаа Дејан Кулушевски и Родриго Бентанкур од Јувентус, но Конте потенцираше дека во исто време си заминале четворица фудбалери.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ако сакаш побрзо да пораснеш како тим треба што побрзо да станеш конкурентен. Имаш потреба од играчи кои имаат искуство, бидејќи тие го подигнуваат нивото на тимот во целина“.
„Тоа што се случи во јануари не е лесно. Четворица играчи си заминаа, кои беа важни за Тотенхем, а пристигнаа само двајца. Па така, како бројка, наместо да станеме посилни, на хартија сме послаби“, изјави Конте.