Дома Фудбал Конечно се појави: Нејмар се приклучи на тренинзите на клубот по една година

Конечно се појави: Нејмар се приклучи на тренинзите на клубот по една година

Бразилскиот напаѓач Нејмар најави враќање на колективните тренинзи на саудискиот клуб Ал-Хилал, по речиси една година пауза поради тешката повреда на левото колено.

32-годишниот бразилски фудбалер му се приклучи на Ал-Хилал во август 2023 година од ПСЖ, но ги повреди вкрстените лигаменти и менискусот на 17 октомври во квалификациите за Светското првенство 2026 година помеѓу Бразил и Уругвај.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Среќен сум што се вратив“, напиша Нејмар на португалски на својот Инстаграм профил каде објави фотографии на теренот со соиграчите.

Неговото официјално враќање „се должи на неговата техничка подготовка и одлуката на тренерот“, изјави претставник на клубот.

Ал Хилал се уште не го вклучил Нејмар во списокот со учесници за Саудиското првенство кое започна во август, но тој се најде на списокот за азиската елитна Лига на шампиони.

Отсуството на бразилската ѕвезда, која според медиумите беше платена околу 200 милиони евра по сезона, не влијаеше на резултатите на Ал Хилал, кој минатата сезона го освои националниот шампионат и воспостави историска серија од 34 последователни победи во различни натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …