Дома Топ вести Конечно дојде време и Покетино да пазари: Добива 150 милиони за шопинг

Конечно дојде време и Покетино да пазари: Добива 150 милиони за шопинг

Тотенхем игра уште една одлична сезона под водство на Маурисио Покетино и постигна голем успех со пласманот во полуфиналеро од Лигата на шампиони.

„Спарси“ беа единствениот тим во Европа кој минатото лето не донеде ниту едно засилување, но го задржи „костурот“ на тимот и игра фантастично.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, англиските медиуми пренесуваат дека челниците на Тотенхем решиле да го „одврзат ќесето“ за летниот преоден рок и ќе му дадат солиден буџет на Покетино.

„Дејли мејл“ пренесе дека ова лето стратегот на лондонскиот клуб ќе има на располагање 150 милиони фунти за купување нови играчи. Наводно 60 милиони веќе се обезбедени, а остатокот би требало да се инкасира од продажбата на играчи.

Се шпеклулира дека Покетино сака да донесе пет засилувања и тоа, лев бек, двајца играчи за врска, еден офанзивен фудбалер и резервен напаѓач. Иако имиња за сега не се откриваат, еден од фудбалерите кој може да го засили Тотенхем е Александар Митровиќ, кој е на излезна врата од Фулам.

„Спарси“ ќе направат се за да ги задржат најдобрите фудбалери и ова лето, особено Кристан Ериксен кој се поврзува со трансфер во Реал Мадрид. Доколку Данецот не го продолжи договорот сигурно ќе биде продаде, како и Алдервајлед кој има откупна клаузула од 25 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…