Милан добро го пребродува периодот со многу повредени фудбалери, а наскоро некои од нив ќе се вратат во тимот.
Италијанските медиуми конечно пренесоа добри вести за Гатузо и тврдат дека двајцата дефанзивци Алесио Ромањоли и Матео Мусакио се пред враќање на терените.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мусакио веќе почна да тренира со остантокот од тимот и ќе му биде на располагање на Гатузо за утрешниот меч со Олимпијакос во Лига Европа.
Ромањоли пак се очекува да се врати на терените на следниот првенствен натпрвар против Болоња.
Ова се одлични вести за „росонерите“ бидејќи сите дефанзивци беа повредени, па Гатузо мораше принудно на таа позиција да го користи Абате.
Milan, Musacchio corre verso il Bologna. Migliora anche Romagnoli https://t.co/pqRKnzmsFY pic.twitter.com/B3khgl0Wep
— calciomercato.com (@cmdotcom) December 11, 2018