Марио Манџукиќ остана на клупа синоќа во мечот против Болоња, но би можел да се врати во стартниот тим во дербито против Наполи во сабота.
„Старата дама“ синоќа победи со 2:0, а после мечот тренерот Алегри му даде голем комплимент на Манџукиќ.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Синоќа нападот на „бјанконерите“ го сочинуваа Роналдо и Дибала, а Алегри тврди дека Манџукиќ ги прави подобри овие две големи ѕвезди.
„Тие двајцата одиграа одличен натпревар. Колку повеќе играат заедно, подобро се познаваат и имаат простор за напредок“, изјави Алегри.
„Мислам дека играњето со тројца напаѓачи, кога Манџукиќ е на теренот нив двајца ги прави многу подобри“, заклучи трофејниот стратег.