Дома Фудбал Англија Комедија на пресот: На Конте му подарија дрес од Јунајтед со потпис од Мурињо!

Комедија на пресот: На Конте му подарија дрес од Јунајтед со потпис од Мурињо!

Еден италијански новинар кој присуствуваше на денешната пресконференција, дојде пред менаџерот на Челзи Антонио Конте со дрес од Манчестер Јунајтед и тоа потпишан лично од Жозе Мурињо.

На дресот на „црвените ѓаволи“ стоеше бројот 1 и името на Конте, а додатно му ја покажа и пораката која му ја испраќаат група комичари и го советуваат да се смири со Мурињо.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Ова е од твојот пријател Жозе Мурињо. Го посетивме и тој ни порача дека многу му се допаѓаш како личност. Погледни само што ти напиша на подарокот. Сега мора да ветиш дека ќе му возвратиш со подарок и ти“.

Конте не сакаше да го прифати подарокот и само се насмеа, но се виде дека не му е сеедно, бидејќи е во лоши односи со „Специјалниот“.

Новинарот после овој инцидент беше отсранет од салата и веројатно нема повеќе никогаш да присуствува на пресконференциите од Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…