Дома Фудбал Останато Колошинац помеѓу најплатените, само две ѕвезди на „Топџиите“ пред него?

Колошинац помеѓу најплатените, само две ѕвезди на „Топџиите“ пред него?

Сеад Колошинац, кој од наредната сезона ќе настапува за Арсенал, стана топ тема во Англија.

Медиумите на Островот веќе на големо се занимаваат со овој трансфер, а некои стигнаа и до деталите од неговиот петгодишен договор.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Како што наведува „Фудбал Лондон“, Сеад Колошинац неделно ќе заработува дури 120.000 фунти, со тоа тој би бил трет најплатен фудбалер на лондонскиот клуб. Ако овие информации се покажат како точни, пред него ќе бидат само Алексис Санчез (130.000) и Месут Озил (140.000).

Арсенал скапо ќе го плати Колашинац, но сепак можат да си го дозволат тој луксуз, најмногу поради тоа што Босанецот пристигнува бесплатно. Тој на тимот на Венгер ќе се приклучи на 1 јули како слободен играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Матиќ брутално го понижи Онана: Тоа ни го кажува еден од најлошите голмани во историјата на Манчестер јунајтед!

Немања Матиќ ќе биде во центарот на вниманието пред претстојниот дуел помеѓу Лион и Манчес…